
Засекогаш во срцата
Убаво е кога имаме некого со кого можеме да се гордееме. Некого за кого секогаш ќе кажеме ТОЈ БЕШЕ НАШ. Тоше Проески остави многу повеќе од песни. Остави спомени. Емоции. Моменти што ги носиме со себе цел живот. Неговата музика нè следеше низ радости и тешки денови, низ младоста, љубовите, разделбите… и секогаш некако знаеше да нè допре таму каде што зборовите не можат. Затоа, на 05.03.2026 по 8 пат се собираме заедно на концертот „Засекогаш во срцата“, на уште една вечер посветена на човекот кој обедини генерации. Ова е покана да застанеме за момент. Да се потсетиме. Да запееме и да ја почувствуваме музиката што сите нè поврзува. Ајде да бидеме заедно. Ајде уште еднаш да кажеме по 8 пат Ти благодариме Тоше за тоа што ни го остави.
Tickets
This event has ended. Ticket sales are closed.
Засекогаш во срцата
845 available
€500.00